ТЕРА

REKLAMA???

КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА ОД ЉУБОЈНО: ГО ИСПОЛНУВАМЕ АМАНЕТОТ

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, Елена Јованова-Грујовска, и проф. д-р Елизабета Бандиловска, член на Советот за македонски јазик, во преспанското село Љубојно направија увид во започнатата реконструкција и адаптација на старото училиште „Димитар Влахов” во „Центар за промоција на македонскиот јазик”.

„Владата, Министерството за култура и Заводот и музеј од Битола со сето срце и одговорност се заложија објектот со имотен лист број 55 да заживее во чест на македонските дејци и на сите просветни работници, како и во чест на оние на кои споменот на школските денови во старото училиште е повеќе од спомен. ‘Центарот за македонски јазик’ ќе биде наш заеднички паметник за кој до крајот на наредната, 2025 година, со задоволство ќе речеме – аманетот го исполнивме”, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура рече дека секогаш со радост му се враќаме на Љубојно, на ова македонско образовно светилиште, кај темелите на нашето описменување на мајчин, македонски јазик.

Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека со изградбата на „Центарот за промоција на македонскиот јазик”, ја искажуваме почитта кон сите учители и ученици кои на ова место се образовале уште кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

За реконструкција на старото училиште ,,Димитар Влахов” во Љубојно и  за негова комплетна адаптација во „Центар за промоција на македонскиот јазик”, од буџетот на Министерството за култура во 2024 и во 2025 година ќе бидат издвоени 32,8 милиони денари.