ТЕРА

REKLAMA???

КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА: ПРЕМИЕРИТЕ ОД СДСМ СЕ ТУКА, НИТУ ЕДЕН НЕ ПОБЕГНА

Коносителката на изборната листа на СДСМ за петтата единица, Бисера Костадиновска – Стојчевска на митингот во Крушево  рече дека само СДСМ е партијата која се темели на вистинската социјалдемократска идеја и мисла, сите други само манипулираат со социјалдемократските вредности и уште сега се спремни да ги продадат кај десничарската-конзервативна идеологија.

„Вие кои гласавте на изборите за европска иднина знаете да правите разлика меѓу доброто и лошото, меѓу реалното и лажното. Сега е време кога секој од нас мора да направи разлика дали ќе избере одговорни и одлучни политичари или насилници во изолација.

Деструктивните политичари ни се пред врата. Нема да им дозволиме да ни влезат повторно во нашите животи и нашите домови. Само силни и сплотени ќе успееме да ги спречиме.

Нивните мрачни сценарија може да ги спречи само вашиот глас. Еднаш срушивме режим со пенкало на избори, сега можеме да им застанеме на патот, за државата да продолжи по вистинскиот – европскиот курс“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа потсети на настаните од 27 април.

„Вчера беше 27 април, ден во кој пред 7 години, затскриени зад насилниците, извршија упад во Законодавниот дом. Подло, секогаш зад некого. Крв течеше во Собранието, а тие зборуваат за слобода и демократија. Е затоа сме различни од нив. Зашто ние си ја сакаме државата. Ние ги почитуваме сите граѓани. Ние не бегаме од соочување со проблемите и со одговорноста. Да потсетам. Премиерите од СДСМ се тука, ниту еден не побегна“- рече Костадиновска – Стојчевска пред граѓаните на Крушево.

Таа се осврна и на 10-те години владеење на ВМРО ДПМНЕ и нагласи дека тоа е деценијата на сеење страв, заплашување, замолчување и целосно опустошување на државата.

„Не покажаа интерес и грижа за граѓаните кога им беше најпотребна, и во најголемата економска и енергетска криза ВМРО-ДПМНЕ го блокираше македонското Собрание, уценуваше, бараше предвремени избори, само и само за власт и лични интереси. Одиме низ државата и гледаме како оние кои гласаа за нив веќе не смеат да зборуваат со нас. Таква ли Македонија сакаме? Повторно заробена, повторно замолчена, повторно исплашена. Ова е истото- старото, лошо ВМРО ДПМНЕ“ – предупреди Костадновска – Стојчевска на последиците ако му се дозволи враќање на режимот.