ТЕРА

REKLAMA???

КОСТЕНИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ, ЌЕ ГИ ИМА ЛИ НА ТРПЕЗАТА?

Православната предбожикна традиција подразбира посна трпеза кадешто костените се најзастапени. Арно ама, македонската предновогодишна традиција подразбира повиски цени на сите прехранбени производи кои ја означуваат традиционалната празнична трпеза.

Ги прашавме неколкумина наши сограѓани дали годинава на новогодишната и божиќната трпеза ќе имаат костени. Прашавме дали битолчани ќе купат , а продавачите дали и колку продаваат костени.

Ги нарекуваат „плодови на боговите“, историјата вели главна храна на Римјаните – повеќе на војниците од стариот Рим, полјоделците  расправаат дали се подобри јапонските костени кои прват се саделе 6.000 години пред нашата ера или кинеските кои се саделе 2.000 години, а кај нас расправаме (иако често е тоа само лична дилема) дали годинава може да се има костени на трпезата или подобро е 160 денари за килограм костени да се искористат за нешто друго .

Продавачи нема многу, во пазарен ден, само четворица.  Годинава костените ги нема, „познавачите“ велат „ не роади годината .  Ама и тие вината ја лоцираат во цената за килограм костен, која сепак варира од големината и потеклото на костенот – Дебарскиот бил најскап 160 денари килограм.

Здравјето е една од придобивките за јадење на костени. Нутриционистите бројат мала количина масти во костењата, важен извор на протеини и јаглехидрати.

Костените се важни во есенскиот период кога исхраната ( гледано низ призмата на минатото) помалку ја има во природата.

Во денешно време ,најважна е симболиката што ја носи – го претставува обожувањето на Земјата и Природата, симболизира сила, се поврзува со изобилство , плодност и просперитет.