Костимограф во светски рамки-Благој Мицевски

0
328

Соработката на Битолскиот театар со театари и институции надвор од Македонија продолжува и оваа година. Пред се битолскиот костимограф Благој Мицевски ја продолжи соработката со Словенија и тоа за премиерата на операта Дон Џовани од Моцарт, а во режија на Диего де Бреа, чија премиера беше неодамна.

Пред тој проект Мицевски работеше на Кралот Лир во Сараево. За оваа година ја најави соработката со режисерот Пројковски чија премиера Коцкар, ќе се одржи во Битолскиот театар на 17 ти февруари, а потоа и за други проекти надвод од Македонија меѓу кои оние во Цетиње, Загреб, Србија и други.

Покрај овие проекти Мицевски продолжува со работа на својот моден проект во кој заштитни лица се актерките Соња МИхајова и Сандра Грибовска, но и повеќе јавни лица од Битола и Македонија.

Во Скопје е дел од проектот на Мрдни со прст, проект со хуманитарен карактер за подарување на облека за лица на кои им е најпотребна.На овој проект покрај Мицевски учествуваат уште 14 македонски дизајнери.