Котевски на средба со Петровска за гасификацијата

0
755

До 2020 година, гасот треба да стигне до општина Битола, а ние ќе се подотвиме тој да се користи во градското подрачје. Вака денес беше речено на работната средба меѓу градоначалничката Петровска и директорот на Македонски енергетски ресурси-МЕР Котевски. Координирано ќе пристапуваат во реализација на првата фаза од ставањето во функција на националниот проект гасификација.

– До 2020 година, гасот  треба да стигне до општина Битола, а ние ќе се подготвуваме тој да се користи во градското подрачје. Знаеме кои стопански субјекти ќе може да ја користат мрежата, а во звисност од интересот на граѓаните, мрежата ќе биде проширена до максимално разгранување. Обезбедивме буџетски средства, а паралелно се одвива процесот на поставување на примарна мрежа која временски треба да биде завршена за 20 месеци. Работната средба со МЕР беше за синхронизирање на нашите активности се до поставување на гасоводната мрежа и користење на гас во општината, рече Наташа Петровска.

Директорот Котески, информираше за динамиката со која се одвива реализацијата на проектот, но и за обврските кои ќе следуваат. Нагласи дека гасот треба да дојде во Битола и да го користат јацните институции, граѓаните и индустријата

-Јас како директор на МЕР – компанија која што е задолжена за градење на националната гасоводна мрежа, имам преземено активности за запознавање на сите општини, кои што се опфатени со првата фаза од Националната гасификација, тоа се вкупно 17 општини, една од тие општини е Општина Битола, за која што, морам да искажам благодарност до градоначалничката и Советот на Општина Битола, за тоа што сериозно ги зафатија забелешките, кои што ги имавме пред почетокот на новата година и определија финансиски средства за проектирање на првата фаза од проектот за гасификацијата, оваа година. Националната мрежа, според договорите кои ги имаме треба да стигне до јануари 2020 година. Но, едно е да се донесе Националната мрежа, а друго е таа да биде функционална. За таа цел, треба да функционираат сите сегменти во општеството кои се вклучени во проектот, а тоа се: општините, министерствата и институциите. Ова треба да биде еден синхронизиран процес, којшто ќе покаже дека институциите во Република Македонија, можат и функционираат координирано и заедно во изработка и донесување на еден проект од национален карактер, рече Благојче Котевски, извршен директор на МЕР АД Скопје.

Гасификацијата ќе донесе финансиски бенефит за општината, но пред се ќе претставува бенефит за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општината, рече директорот Котески, притоа потсетувајќи дека неговите и заложбите на градоначалникот, неодамна уште како советници во Советот на Општина Битола, беа насочени кон алармирање за решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, а во таа насока денес, проектот за гасификација претставува и конкретно делување.

-Ние сериозно си дадовме збор, уште пред 4 години, кога ги видовме бројките до кои што дојдовме како советници, дека ќе направиме се, за да направиме од Битола, една поубава средина, Битола ќе биде град кој што ќе биде пристојно место за живеење и во кој луѓето ќе сакаат да живеат и заболувањата кои ги имаат граѓаните во Општина Битола и кој се последица од атмосферското загадување да бидат минато. Не е само бенефитот на финансискиот дел кој што ќе го имаат граѓаните. Бенефитот е и врз здравјето на граѓаните на општината. Гасот, како енергенс ќе допринесе и Општина Битола да стане поатрактивна за инвестирање, а со тоа отворање на нови работни места, а со тоа и зголемување на стандардот на живот во Општина Битола”, додаде директорот Котески.

Општина Битола од својот буџет за проектот гасификација одвои 15 милиони денари.