Коцкар-викендов на сцената на Битолскиот театар

0
703

Првата претстава за 2018 од Битолскиот театар е Коцкар на Достоевски, во режија на Дејан Пројковски, а која публиката премиерно ќе ја погледне викендов.
-Секогаш е привилегија, а во исто време и голема одговорност човек да се зафати со делото на Достоевски-истакна директорот Иван Јерчиќ.

– Достоевски е секогаш предизвик кога се работи бидејќи целокупниот човечки универзум е сместен во неговите дела. Коцкар е доста провокативно дело-истакна Пројковски и додаде – Целата претстава е едно сизифовско, но не искачување туку пропаѓање до дното или до дуплото дно, ликовите во претставата постојано се меѓу рајот и пеколот.
Во претставата играаат 14 актери.
Главниот лик Алексеј Ивановиќ го нарекуваат рускиот Хамлет, кој во оваа претстава го игра Огнен Дранговски. Покрај него главниот лик на Полина Александрова го игра Илина Чоревска.
Во останатите улоги се-Јоана Поповска, Митко С. Апостоловски, Сандра Грибовска,
Катерина Аневска Дранговска, Елена Моше, Николче Пројчевски, Марјан Ѓорѓиевски,
Петар Мирчевски, Соња Ошавкова, Петар Спировски, Александар Димитровски,
Никола Стефанов, Анастазиа Христовска, Благој Јовановски.
Сценските движења се на Олга Панго, сценограф е Валентин Светозарев,
костимограф Благој Мицевски, композитор Горан Трајковски.
Премиерата е закажана за 17 ти февруари.