Коцкар пред битолчани

0
367

Со долготраен аплауз беше наградена екипата на претставата Коцкар, која премиерно беше изведена на сцената на Битолскиот театар.

После три години откако го реализираше сценскиот проект Ана Карењина, режисерот Дејан Пројковски повторно се врати на битолската театарска сцена со претставата Коцкар според романот на рускиот писател Фјодор Достоевски и после триумфот со Ромео и Јулија во Турција. Овоа претстава е со шеснаесет битолски актери, меѓу кои се вклучени и студенти, но и доајенот на македонскиот театар Јоана Поповска.

– Претставата зборува за коцкањето и страста во која само со едно вртење на рулетот може човек да го направи да биде некој друг. Со секое вртење на рулетот има повторен и повторен обид, секој од ликовите заглавени во калта, да избегаат од сопствената кожа- рече режисерот Дејан Пројковски.

Актерот Огнен Дранговски го игра ликот на Алексеј Иванович, познат како рускиот Хамлет.

Во останатите улоги се-Илина Чоревска, Митко С. Апостоловски, Сандра Грибовска,
Катерина Аневска Дранговска, Елена Моше, Николче Пројчевски, Марјан Ѓорѓиевски,
Петар Мирчевски, Соња Ошавкова, Петар Спировски, Александар Димитровски,
Никола Стефанов, Анастазиа Христовска, Благој Јовановски.
Сценските движења се на Олга Панго, сценограф е Валентин Светозарев,
костимограф Благој Мицевски, композитор Горан Трајковски.