Кошаркарите и Тодоров спремни за дебито против Естонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Европското првенство е закажано за 2021 година, а нашите најдобри кошаркари ќе се борат за пласман на уште еден Евробаскет, веќе од овој месец – февруари. На 20 февруари, во А1 арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се пресметаат со соодветната национална селекција на Естонија. Три дена подоцна, во Перм, следува дуелот со националниот тим на Русија.

Новиот предводник на „црвено-жолтите“, Александар Тодоров e  јасно кажува дека целта му е да ја однесе Македонија на Евробаскетот 2021 година.

„Со Естонија ќе играме во салата Борис Трајковски, со тренинзи почнуваме на 13 февруари, со желба неколку дена подоцна да одиграме и пријателски меч од затворен тип.

Што се однесува околу противникот, Естонија ни беше ривал пред некоја година, како сила е на наше ниво, но и тие имаат нов селектор, Финец кој работеше во Романија. И тие говорат за подмладување, па на тој прв меч нема да знаат многу за нас, а ниту ние за нив“, вели селекторот Тодоров пред она што следува овој февруари.

На нашите кошаркари им треба вашата помош. Им треба такво нешто од нивниот верен шести играч кој ќе даде дополнителна поддршка од трибините.

Share.