Кошаркарите на Пелистер го надиграа Кожув и обезбедија опстанок

0
209

Кошаркарите на битолски Пелистер стигнаа до уште еден триумф во плеј-аут лигата.
Битолчани беа подобри од гевгелиски Кожув со 88-66 (17-21; 22-20; 23-10; 26-15).

Американецо Луис Роберт со 22 поени го предводеше Пелистер до 11. триумф во сезоната, Анакиевски уфрли 15, Талевски 13, а Голубовиќ уште 12 поени.

Кај гевгеличани пак, одлично издание имаше Шалев, стрелец на 20 поени, Мишковиќ и Шутаров го испратија со 12 поени.