Кошаркарите на Пелистер поразени во Чаир

0
254

Кошаркарите на Шкупи со 80-76 го победија Пелистер, во меч од плеј-аут кошаркарското пренство.

Речиси во текот на целиот меч беше неизвесно, па очекувано беше дуелот да се решава во последните секунди. За Шкупи ова беше осма победа сезонава и сега има два триумфа повеќе од Карпош Соколи кој е на претпоследното место на табелата.

Пелистерци ја остварија целта и обезбедија опстанок во лигата со првите четири кола од плеј-аутот.