Коѕиас денеска и утре во посета на Македонија

0
180

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска ќе пристигне во официјална дводневна посета на Македонија, извести македонското Министерство за надворешни работи.

Посетата на Коѕиас денеска ќе почне со неговото слетување на меѓународниот аеродром „Скопје“, само повеќе од месец откако со одлука на македонската влада името на овој аеродром беше сменето од „Александар Велики“ во „Скопје“.

На 30 март, петок, тој со својот македонски колега Никола Димитров ќе бидат во Виена, каде ќе се сретнат со личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН и посредник во преговорите за името, Метју Нимиц.