Коѕијас во следните денови ќе ја посети Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Шефот на грчката дипломатија во следните денови доаѓа во Скопје, објави грчката телевизија Алфа.

Во прилогот емитуван во централното издание на вестите, новинарката повикувајќи се на свои извори вели дека започнува клучна недела за преговорите, а Коѕијас на неговиот македонски колега ќе му ја достави нацрт-спогодбата што ја подготвува грчката страна.

– Според информациите на Алфа, Коѕијас се очекува да го посети Скопје во следните денови со првиот лет што ќе слета на аеродромот што ќе го носи новото име „Меѓународен аеродром Скопје“.

Share.