Коѕијас: Компромис со северната пријателска земја, Димитров: Тешко прифатлив е предлогот за споено име

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Коѕијас неколку пати повтори „северната пријателска земја“, а Димитров отворено кажа дека тешко е дека некој ќе се сложи со споено име, на пример Горнамакедонија.

„Зборувате за чесен компромис што ќе ги задоволи и двете страни. Што е за Вас чесно решение на проблемот? Ако инсистирате на промена на Уставот, тоа не изгледа воопшто чесно за македонскиот народ. Ако инсистирате за едно име, во еден збор, споено и непреведено, исто така не изгледа чесно за сите граѓани на Македонија, не само за Македонците. Може ли да ни кажете што содржи Вашето чесно решение?“, го праша новинарката на МКД.мк грчкиот министер Никос Коѕијас на денешната прес-конференција.

Министерот одговори дека и дома во семејството правите компромиси, дека двете земји бараат праведен компромис, а „ние имаме сили тоа да го направиме во име на заедничката иднина, развојот и пријателството“.

Кога зборуваме за иднината немаме разлики, но за да стигнеме таму, треба да ја надминеме актуелната разлика, разликата што Грција ја има со името, а тоа не е лесно, ја почна конференцијата за медиуми Никола Димитров.

„Ова е втората вистинска средба на која разговаравме за суштински елементи. Се работи за деликатно решение за кое треба многу баланс – што е тоа што е важно за Грција, а што е важно за Македонија. Прашањето трае долго, се обидуваме да изградиме доверба, но мислам дека уште има предрасуди. Се надевам дека Никос ќе потврди дека има вистинска желба, без понижување да најдеме заедничко решение, со отворени врати кон иднината“, рече Димитров.

Шефот на македонската дипломатија потсети дека за една недела ќе имаат уште една средба, овојпат со посредникот на ОН Метју Нимиц, а ако има потреба ќе се организираат и други средби за „да се поместат работите напред“.

Коѕијас се заблагодари за поканата од „северната пријателска земја“ и за исполнетите ветувања за промена на името на аеродромот.

линк

Share.