Коѕијас на 12-ти април во Скопје, Могерини и Хан на 18-ти?

0
113

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Димитров и Коѕиас ќе се сретнат повторно веќе на 12 Април, открива лидерот на грчката партија „Река“ после средбата со Коѕиас. Ставрос Теодоракис во интервју за државната ТВ ЕРТ вели дека доколку средбата следниот четврток помине во ред, средба набрзо ќе имаат и шефовите на владите.

„Април многу веројатно е да го даде решението. На 12-ти месецов, како што ме извести господинот Коѕиас ќе ја има следната важна средба со министерот за надворешни работи на ПЈРМ и ако помине добро оваа средба, сфаќам дека случајот ќе оди во рацете на двајцата премиери.“ – изјави Ставрос Теодоракис, партија „Река“.

Телевизија 24 дознава дека на 18 Април во Скопје после извештајот на Европската комисија за Македонија ќе дојдат високата представничка на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан. Нивната посета е поврзана со извештајот, но повеќе од извесно е дека и забрзаните преговори со Грција ќе бидат на агендата.