Коѕијас потврди дека Ципрас и Заев ќе разговараат денеска

0
202

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по заминувањето од премиерскиот кабинет кусо потврди дека премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев денеска ќе се слушнат на телефон.

Коѕијас не сакаше да даде изјава за медиуми, но на новинарско прашање дали Ципрас и Заев ќе разговараат денеска, кусо рече: „Ќе го направат тоа“. Но, не одговори што ќе си кажа, изјавувајќи дека премиерите сами ќе соопштат, пренесува „Иефимерида“.