Коѕијас пристигна во Скопје

0
436

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас со владин авион пристигна на скопскиот аеродром, во прва посета на земјата по неговото преименување во Меѓународен аеродром Скопје, како една од отстапките на македонската Влада во процесот на преговорите за името.

Ова е прв пат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром.

Коѕијас беше пречекан од македонска делегација, а вечерва ќе има работна вечера со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, како подготовка за утрешната богата агенда, организирана за грчкиот министер.

Шефот на грчката дипломатија утре ќе има средби со неговиот македонски колега Никола Димитров, со премиерот, Зоран Заев, со вицепремиерот Бујар Османи, со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

На средбите се очекува да се разговара за позициите на Скопје и Атина по меѓусебната размена на нацрт-договори за решавање на прашањето за името, за кои, шефот на македонската дипломатија Димитров, во понеделникот рече дека се разликуваат еден од друг.

Коѕијас нема да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, а тоа, како што велат во кабинетот на шефот на државата, не било ни побарано од грчка страна