Кој е проблемот со ученичкиот превоз во Битола?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

-Ученичкиот превоз во Гимназијата и Медицинското училиште во моментов  за дел од превозниците е во дискутабилна фаза , затоа што имаше преговори од превозниците  околу цените кои што треба да бидат постигнати, подетално можат да ве информираат директорите на училиштата затоа што тие постапката тие ја изведуваат.Меѓутоа морам да ви кажам дека целокупно беше спроведена постапка на сугестии и инструкции , од бирото за јавни набавки, вклучително и од Министерството за образование , затоа што станува збор за сензитивен , осетлив  процес кој што е поврзан со судски спорови. Моето настојување беше да општина Битола и соодветните инстанци да ги дадат одговорите во која насока треба да се движи сето тоа , како не би биле направени повторни грешки, а превозот на учениците би бил регулиран , изјави Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

Share.