Кој е човекот кој му удри шамар на Макрон – живее со мајка му и го чита Хитлер

Човекот кој му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон е 28-годишен обожавател на косплеј, кој сака да се облекува како витез, да ја чита „Мојата борба“ од Адолф Хитлер и живее со неговата мајка, соопшти полицијата.

Долгокосиот Дамиен Тарел беше соборен на земја од телохранителите кога му удри шлаканица на Макрон, извикувајќи „Долу Макрони“, што е стар борбен крик на ројалистите.

Прочитајте и: Необична аукција во САД – продаден пилеши медалјон за неверојатна цена

Инцидентот, кој привлече големо внимание во медиумите, го засени почетокот на „Тур д’Франс“.

Полицијата изврши претрес во домот на Тарел, каде пронајде оружје, советско знаме, копија од манифестот на Хитлер, белетристички романи, јапонски стрипови и воени игри.

Инцидентот се случил на југоистокот на Франција.

Видеото кое кружи по социјалните мрежи покажува како Макрон се приближува кон насобраните граѓани пред кои има бариера.

Еден човек му удри шлаканица, пред да одговори обезбедувањето.

Веднаш беше повлечен од обезбедувањето, пренесува Би-Би-Си. Сепак, тој продолжи да разговара со луѓето.

Двајца мажи биле веднаш уапсени. Нападот се случил во одделот Дром.

Сподели