ТЕРА

REKLAMA???

КОЈ И ДА ОТВОРИ ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО НАШИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ НИЕ ИМАМЕ ОБВРСКА ДА ГИ НАПУШТИМЕ ПРЕГОВОРИТЕ

Кога и да се отвори, кој и да отвори прашања поврзани со нашиот јазик и идентитет ние имаме обрврска да ги напуштиме преговорите и тоа ќе го направиме без никаква дилема, без задршка, вели во интервјуто за ТЕРА ТВ вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

„Ние се погриживме во преговарачката рамка и заклучоците од Советот на министри минатата година на ЕУ за наредната меѓувладина конференција за да нема допшолнителни услови и да нема воопшто потреба повторно да се расправа, туку таа автоматски се свикува од страна на претседателството ако стигнеме оваа година ќе биде шпанското претседателство, наредната година веќе Белгија претседава со ЕУ. Значи имаме разбирање, знаеме што е напишано. Ние ако го исполниме тој услов автоматски ќе биде свикана меѓувладината конференција, тоа значи дека ги продолжуваме преговорите. Во текот на преговорите ние ќе имаме многу услови од ЕУ за да ги завршиме преговорите. Но она што е важно и што треба да го кажеме е дека веќе никој нема разбирање за било какви барања на Бугарија што се однесуваат на уставот, јазикот и идентитетот. Ние имаме обврска и со парламентарната декларација, односно заклучоците во нашето Собрание дека кога и да се отвори, кој и да отвори прашања поврзани со нашиот јазик и идентитет, ние имаме обрврска да ги напуштиме преговорите и тоа ќе го направиме без никаква дилема, без задршка, затоа што ние не можиме да прифатиме нешто што ниту еден народ и држава не го прифаќаат“, рече вицепремиерот Маричиќ.