Кој и колку пари доби за културата во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Почетокот на секоја година е време кога културините работници во најголем дел не се согласуваат или пак реагираат за тоа колку добиле или не добиле од Министерството за култура во рамките на годишната програма. Оваа година, до денес нема објава колку добиле националните установи. До лани знаевме колку побарале на пример Театарот, Центарот за култура, Музејот и сл. и знаевме колку сретства им биле одобрени. Годинава ниту колку е побарано, ниту колку е одобрено. Но, затоа неодамна Државниот завод за статистика соопшти дека малку публика влегувала во битолскиот театар. Но, да се вратиме на одобрените пари, напомнуваме дека се работи за средства одобрени не за националните установи, туку за здруженија на граѓани и за индивидуалци од Битола.

За добиените пари и за тоа како ќе ги реализираат проектите, здруженијата и поединците ќе треба да го известат Министерството за култура. Факт е дека годинава почна без многу културна бука, барем што се однесува за националните установи.

Share.