Кој повеќе е виновен за сообрајќајните незгоди ?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

РСБП постојано изготвува трибини на теми поврзани со сообрајќајниte незгоди, прави кампањеи за подигање на свеста кај возачите за внимателност.

Зборувавме за статистиката на ниво на Битола дека бројот на сообрајќајните незгоди се зголемува како резултат на сообрајќајните незгоди кои што се случија на патниот правец Битола-Прилеп кои што за жал завршија со смртни последици. А само пред неколку дена животот го загуби уште една жртва.

Сепак познавач на приликата вели дека овие сообрајќајни нeзгоди се случиле како последица на непочитување на базичните сообрајќајни правила и прписи.

– Од моите првични сознанија јас не би сакал да излегувам со официјални изјави кои биле причините за случување на незгодите. Но од она што мене ми е познато според првичните показатели апсолутно сметам дека се работи за сообрајќајни незгоди како последица на непочитување на базичните сообрајќајни правила и прописи, значи престигнување на полна линија во услови на кривина, престигнување на колона од возила, управување со недоволна брзина и сериозно пречекорување на дозволената брзина и токму тоа се првичните причинители кои довеле до случување на овие сообрајќајни незгоди со смртни последици, изјави Зоран Јошевски од РСБП

Патот Битола- Прилеп по категорија спаѓа во втора категорија, тоа значи пат резервиран исклучиво за моторен сообрајќај кој што ги има сите претпоставки за највисоко ниво на мобилност и на безбедност, но во пракса тоа не е така вели Јошевски.

– Но не сакам да кажам дека е идеален патен правец, не сакам да кажам дека нема аномалии на тој дел во поглед на сигнализацијата во поглед на коловозна површина значи треба да се направат одредени интервенции, но сепак ги има претпоставките за високо ниво на мобилност и високо ниво на безбедноста во пракса стои дека го нема, но факторот човек потфрлува во делот на почитување на базичните правила и прописи во сообрајќајот и сообрајќајната сигнализација, значи во една интеракција лежат пропустите, но не смееме да дозволиме дека единствен факторот пат е виновникот за да се случат сообрајќајните незгоди на овој дел од патната мрежа, изјави Зоран Јошевски од РСБП

На ниво на Општина Битола статистиката бележи дека во сообрајќајни незгоди во 2017 година вкупно настрадани 398 лица, од кои во незгода загинале 28 лица, а 130 се тешко повредени.

Share.