Градоначалникот е во студиска посета на САД. Отука и прашањето кој ќе го потпише ребалансот на буџетот кој денеска е пред советниците?

„Општина Битола за прв пат се наоѓа во ваков вакум период . Градоначалникот може сам да каже зошто замина и која е итноста и потребата да е таму, а да не е тука, мислам дека има правна рамка и дека може да овласти еден од општинакста администрација тоа да го направи за него, меѓутоа пред се се работи за принципиелност и обврска спрема функцијата“, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.
„Доколку денес биде изгласан ребалансот се надевам дека ќе биде донесен, има процедура каде што треба актите коишто тука ќе се донесат, сите одлуки ќе треба да бидат потпишани во рок од три работни дена од претседателот на Совет. Подоцна има законски рок каде истите треба да се однесат кај градоначалникот, рокот од 7 дена ќе течи со цел истите да бидат потпишани и објавени во службен гласник , замајќи во предвид дека денеска сме среда, петок е не работен ден, а градоначалникот се враќа на 16-ти септември, нема да има никаков застој во нормалното функционирање на општината,“, рече Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ.












