ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ АПЕЛИРА НА СМИРЕНОСТ ПО ВЕСТА ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски апелира на смиреност и почитување на пропишаните правила за постапување во слулчај на пријава за поставена експлозивна направа.

„Утрово, добив информација за дојави за поставени бомби во основните училишта: „Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Ѓорги Сугарев“, „Климент Охридски“, „Елпида Караманди“, „Даме Груев“ (централното училиште и подрачните во Долно Оризари и Карамани и училиштето „Александар Турунџев“ во село Кукуречани.

После добиените информации за поставени бомби во 7 основни училишта во општина Битола, воспоставена е постојана комуникација со директорите на основните училишта и полициските службеници.

Благодарение на брзото постапување, сите ученици, наставниот кадар и другите вработени во училиштата, се евакуирани на безбедно место, а настава во втора смена во овие училишта нема да има.

Во меѓувреме, од страна на полицијата се преземаат потребните мерки за проверка на дојавите.

Апелирам на смиреност и почитување на пропишаните правила и прописи за постапување во овие случаи.

Општина Битола е во постојана комуникација со СВР Битола, а сите општински ресурси се ставени на располагање до целосно завршување на проверките во сите основни училишта“ вели Коњановски.