Коњановски го доби решението за избран градоначалник на Битола

Новоизбраниот градоначалник на Битола, Тони Коњановски денеска го доби решението за избран градоначалник на Битола, од страна на Општинската изборна комисија.

„Започнуваме со реализација на проектите,  со работа за Битола – дом на сите нејзини граѓани. Денес и официјално од ОИК ми е врачено уверението за избран градоначалник на општина Битола, а утре е мојот прв работен ден“ вели Коњановски.

Во вториот круг од локалните избори за канидатот на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Тони Коњановски гласале 24.708 гласачи или 50,73 проценти, а за неговиот противкандидат Христо Кондовски од СДСМ и Коалицијата, гласале 21.978 гласачи или 45,13 проценти.

Сподели