Коњановски го честиташе Денот на народното востание

Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата, Тони Коњановски денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на  НОАМБ на плоштадот „Гоце Делчев“ по повод „11 Октомври“-Денот на народното востание.

„Денешниот празник, само не обврзува и ни потврдува дека борбата никогаш не смее да запре!

Почитувани битолчани,

Пред 80 години македонскиот народ се крена во борбата за ослободување на Македонија, затоа 11 октомври е еден од најзначајните датуми во нашето историско постоење.

Антифашистичката борба за национална слобода и АСНОМ, заедно со двата Илиндена, се цврстите темели, врз кои е изградена современата македонска држава.

Денес, кога македонските херои се бришат од учебниците по историја, кога се тргува со нашето минато како на зелено пазарче, неопходно е вклучување на новите генерации, на најмладите во одбележувањето на македонската борба за слобода и истрајност.

Денешниот празник, само не обврзува и ни потврдува дека борбата никогаш не смее да запре! Мои битолчани денес битките не се водат на боиште! Денес војуваме против лажен морал, корупција и лаги кои ни го расипуваат секој празник!

Денес војуваме за нови вработувања, за среќни млади луѓе, за современа  инфраструктура и пристоен, живот за секој нејзин граѓанин на Битола!

Нека ни е честит 11 октомври, нека ни е убава и развиена Битола! Нека ни е вечна Македонија“ рече Коњановски.

Сподели