Коњановски: Единство, сплотеност и заедништво за подобра и поубава Битола

Кандидатот за градоначалник на Битола  од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Тони Коњановски во своето прво обраќање до јавноста им се забалагодари на граѓаните, за како што вели огромната искрена поддршка која ја почуствувал во изминатите неколку дена.
Тоа претставува огромен и дополнителен мотив за мене, чест, но и обврска. Убеден сум, дека само со единство, сплотеност и заедништво можеме да постигнеме највисоки цели и победа за Битола, Битола да ја направиме подобро место за живеење, силен центар на економијата, културата, образованието, туризмот, место од каде ќе покажеме како се води борбата за чист град и здрава еколошка средина.
Се обврзувам како честит, искрен и човек од збор, дека сум подготвен да го направам она што го заслужува нашата Битола и вие мои битолчани! Заеднички да ставиме крај на неефективноста, безидејноста и неработењето на локалната самоуправа изминатите четири години.
Како советник во Советот на Општина Битола, имав можност да бидам соочен со вашите проблемите и потреби.
Како градоначалник ќе ги вклучам сите граѓани по принцип на неселективност, без привилегираност од една страна и обесправеност од друга, со еднаков аршин и пристап кон решавање на секој предизвик, бидејќи силно верувам дека само тој е вистинскиот и единствениот начин.
Професијата лекар ми дава можност, да ги сослушам луѓето, да ги согледам и анализирам нивните проблеми, да дадам вистински совет и да понудам решение за нивната мака“ вели Коњановски.
Сподели