Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на последната прес конференција предупреди дека како што рече незконското постапување на Советот на 27-та седница, може да ги доведе на работ на егзистенција над 1000 вработени во јавните претпријатија.
„Имавме вонреден инспекциски надзор во врска со незаконски донесените одлуки на Советот на Општина Битола на 27-та седница за разрешување на членовите на Управни и Надзорни одбори на шест јавни претпријатија. Одлуките кои што не ги потпишав, не само што се донесени против законски, туку имаат за цел да доведат до целосна парализа на сите јавни претпријаија и да ги доведат на работат на егзистенција над 1000 вработени во претпријатијата. Очекувам инспекцискиот надзор да го потврди токму тоа, дека ваквото делување на Советот е противзаконско и на штета на Битола“ рече Коњановски.












