ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ ЗА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА ОПШТИНА БИТОЛА

Европската ознака за извонредност во управувањето, му беше доделена на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, како резултат на високото ниво на усогласеност на општина Битола со 12 начела на Советот на Европа за добро демократско управување.

Начелата кои беа евалуирани во изминатиот период, опфаќаат: претставување, учество и праведно спроведување на избори, oдговорност, eфикасност и ефективност, oтвореност и транспарентност, владеење со правото, етичко однесување, компетентност и капацитет, иновативност и отвореност за промена, одржливост и долгорочни насоки, стабилно финансиско управување, човекови права, културна различност и социјална кохезија и отчетност.

Во сите овие области, општина Битола, покажа високо ниво на исполнетост на потребните принципи, а во натамошниот период, останува истите да се надградуваат и унапредуваат согласно потребите на граѓаните и законската регулатива.