ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: ЗА ЖАЛ БОЛНИЦАТА НЕ ГО НОСИ ВЕЌЕ ЕПИТЕТОТ КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

Централната комисија за здравство во соработка со комисијата за здравство при ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, во Битола реализираа средба со здравствени работници.

Се зборуваше за актуелната состојба во здравството, а на истата учество  зедоа доктори, медицински персонал како и поранешни доктори од битолската болница.

„Одлични и продуктивни размислувања и дускусии се развија од страна на здравствените работници присутни на трибината според кои Клиничката болница во Битола изминатиот период значително е уназадена, затворени се цели оддели, а од страна на присутните беше споредена со “селска амбуланта” велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од трибината порачаа дека за нив целта е јасна, силен здравствен систем, за кој се обврзуваат дека ќе биде нивни приоритет веднаш, како што велат по формирањето на новата Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ.

На трибината на која се разговараше за Денот на бубрегот и бубрежното здравје присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

„Разговаравме за актуелни тема, актуелната тема е битолското здравство и се она што е околу него. Како колеги, како лекари, заедно со присустните повеќе членови, меѓу кои имаше и заинтересирани пациенти, разговаравме за актуелните проблеми, за она што остана може да се каже од битолското здравство, клиничката болница која со право може да кажеме денеска дека не го носи епитетот за жал Клиничка болница, она што беше некогаш и она што е денес.

Бевме запознати и со дел од програмата на ВМРО ДПМНЕ, нивните или нашите планови за како би се поправило се она што треба, како здравство во регионот повторно би го добил епитетот на регионален Клинички центар. Плановите на ВМРО ДПМНЕ се многу сериозни и во делот на едукацијата и во делот на инфаструктурата и секако во делот на обновување на апаратурата. Меѓутоа човечкиот потенција, човечкиот кадар е она на кое што најмногу треба да посветиме внимание, имајќи предвид дека интенција на сите нас е да ги задржиме младите овде, особено  стручниот медицинскински персонал со кој овој регион изобилува“ рече Коњановски.

На трибината присутен беше и претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ, Игор Николов.

„Централната комисија на ВМРО ДПМНЕ оваа посета на Битола ја направи со две цели, со две причини. Првата причина е Денот  на бубрегот и бубрежното здравје, каде што сакаме да ја подигнеме свеста за здравјето на бубрезите и контактиравме и комунициравме покрај со локалните здравствени власти и со пациентите кои се членови на здруженијата на пациенти со бубрежни заболувања, како и со пациенти кои што може да имаат бубрежни заболувања.

Втората причина за посетата во Битола е да се запознаме со актуелните состојби во здравството и здравствениот систем во Битола, особено после информациите за големите проблеми кои што постојат во болницата, здравствениот дом и во целокупното функционирање на битолското здравство.

Доминираат два проблеми, тоа е инфраструктурниот проблем, односно дефицитот на инфраструктура, вториот проблем е апаратурата која што не е пуштена во функција и третиот проблем се кадровските проблеми.

Апаратурата за жал во битолската болница иако е набавена повеќе  од седум-осум години сепак се уште не е пуштена во функција и тоа е голем хендикеп за здравствениот систем. Се надеваме и веруваме дека во иднина, периодот кој што ни следи ќе ни овозможи да бидеме во една состојба во која што ќе можеме да ги активираме сите оние апарати кои што стојат нефункционални во болницата.

Потребно е зајакнување на кадровската екипираност на болницата и потребно е подобро менаџирање и функционирање на целата болница. За тоа имаме план, имаме програма и мораме да ја зголемиме ефикасноста и функционалноста на болницата и на здравствениот систем во Битола“ рече Николов.

Тој зборуваше и за тоа дека донирањето на органи треба практично да биде индивидуална одлука и дека интенциите се во насока на зголемување на свеста за органодарителството и да ја зголемиме свеста за можноста за трансплантација.

„Еден човек може да спаси до осум други луѓе и да се вгради во животот на овие осум луѓе. Имаме со нас пријатели, пациенти, блиски кои што го искусиле ова и го искусиле благодетот на органодаритеството. Идејата е ова да го зголемиме. Идните политики и процеси ќе бидат во зголемување на овој правец и крајната цел би ни била Македонија да биде дел од Еуро-трансплант групацијата, односно тоа се европски земји каде што соработуваат во размена на органи и во размена на искуство и трансплантација“ рече тој.