Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вели дека на сите ни требаат и велосипедски и пешачки патеки. Ова како коментар на средбата која деновиве во Битола ја имаше евроамбасадорот Дејвид Гир со советниците од Советот на Општина Битола.
„Тоа е навистина издржана активност и проект. Ние го сваќаме како европски проект. Тој издржан проект го презентиравме и пред евроамбасадорот. Поддршката ја даде и го кажа она што треба, дека треба консензус. Во ова не треба апсолутно да има политика. Ова е активност која ги тангира сите граѓани. Сите сме преокупирани, премногу загушен сообраќај, премногу возила, на сите ни требаат и велосипедски и пешачки патеки“, вели Коњановски.