ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ ЗА ТРАНСПОРТНОТО ВОЗИЛО ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

Граѓани од Битола прашуваат за транспортното возило-минибус, кое е наменето за лицата со попречености. Реагираат дека подолго време се обидуваат да најдат одговор на прашањето околу неговото користење за потребите за кое е наменети. Се обратиле во општината од каде им рекле дека проблем е немањето лиценца, а дека постапката била во тек. Велат дека тоа возило треба да биде ставено во функција и да биде на располагање на лицата со попречености.

На последната седница на Советот на Општина Битола на советничко прашање за ова возило, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече:

„Возилото е исправно и е со пристапна рампа, но за да се вози редовно потребни се лиценци за кои постапката е во тек. Знаете дека јавното претпријатие „Пела Линк“ веќе има и директор, добиени се основните лиценци, она што треба тој да го има и во тек сериозно се работи на набавка на можеби и други возила, меѓутоа востоставувањето на овие возила кои веќе ги имаме во нашиот возен парк и возните паркови на Могила и Новаци, за да се стават во фунцкија и што поскоро нивно активирање, зашто знаете сепак требаат лиценци, тоа возило не можете така да го користите, а има барања од граѓаните тоа да се стави во функција“ рече Коњановски.