КОЊАНОВСКИ ЗА УЛИЦИТЕ, ПРИФАТИЛИШТЕТО И ДРУГИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ
15 август 2023, 7:43 pm
269 прегледи
Array
Денеска градоначалникот информираше и за активностите во централното градско подрачје, за улиците во долно и горно Оризари, за патот Трново-Магарево, а кажа и дека е завршена и првата фаза од проектот за прифатилиштето за кучиња и дека во тек е постапката за обезбедување на потребната документацијата од надлежните институции, за започнување со работа на објектот.
„Во следните две недели, согласно склучените договори, отпочнуваат и активностите во централното градско подрачје на просторот зад поранешниот „ЈАТ“, реконструкцијата на улицата Солунска, неколку улици во Долно Оризири, поставување на одвод на патот Трново – Магарево, што се реализира со средства од Министерството за транспорт и врски, за пота со општински средства да се пристапи кон асфалтирање на патот. Очекувам завршување и на постапките кои се реализираат со средства од Светска банка, а се однесуваат на дел од проектот за реконструкција на улици во населба „Недопирливи“ и реконструкција на улица „Индустриска“.
За реконструкција на улиците во Горно Оризари, ќе ја започнеме постапката за јавна набавка за избор на изведувач, додека во врска со проектот за колекторскиот систем и пречистителната станица за НП Пелистер, проектот за инфраструктура е одобрен и согласно планираната динамика со која работиме со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, очекувам постапката за избор на изведувач да биде завршена во месец октомври.
До крајот на оваа недела, ќе започне реализацијата на уште еден проект во вредност од 4.000.000 денари, кој го реализираме со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион за изградба на 3 нови детски паркови, соодветно опремени со детски реквизити во населба Карпош, Долно Оризари и кај ОУ Климент Охридски.
Завршена е и првата фаза од проектот за адаптација на прифатилиштето за кучиња и во тек е постапката за обезбедување на потребната документација од надлежните институции, за започнување со работа на објектот и решавање на проблемот со кучињата скитници.
Изминатиот викенд, асфалтиравме на улицата „16та“, пред тоа паркингот кај улиците „Цане Василев“ и „Кочани“, ги завршивме улиците „Зборска“, дел од СРУ 5, улици во Оптичари, Егри, Лажец, Логоварди, пешачката патека кон Долно Оризари, а продолжуваме со работа и на улицата „Драгорска“, кружниот тек на улица „Прилепска“ со „Баталјон Стив Наумов“, партерното уредување кај Офицерскиот дом, како и реконструкцијата на Спортската сала „Боро Чурлевски“ и паркинг просторот, проекти кои е важно да ги завршиме што поскоро затоа што благодарение на ракометниот успех на РК Пелистер Еурофарм, ни претстои Лигата на шампионите.
Опремувањето на јавните претпријатија со соодветни машини и возила е исто така, дел од она за што го работиме и за што обезбедуваме поддршка, со цел постигнување видливи резултати на добробит на сите граѓани на општина Битола.
Тука секако се вбројуваат и неколку други проекти, како што е изработката на генералниот урбанистички план, реализацијата на проектот „Баир“, проектот „ЕУ за чист воздух“ и други проекти, од кои Битола ќе има навистина голем бенефит“, рече градоначалникот на Битола Тони Коњановски.