На денешната прес конференција, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше прашан за барањето на јавните претпријатија за зголемување на цената на водата и канализацијата.
„Зад нас, се надевам дека е зад нас еден период на економска и енергетска криза, во која сите јавни претпријатија беа на голем удар. Освен тоа неколку пати во овој период имавме зголемување на платите на вработените и сето тоа го оптовари работењето на јавните претпријатија“ рече Коњановски.
Во продолжение целиот негов одговор.











