ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ И ДИМИТРОВСКИ ИЗВОР НА БЕЗЗАКОНИЕ ВО ОПШТИНАТА

Хаос, безредие и беззаконие владеат во Општина Битола, вака од пред општинската зграда ја започна денешната прес конференција Јадранка Павловска, советник од СДСМ.

„Вчера, Коњановски до советниците испрати Развојна програма за Битола од која беа извадени голем дел од амандманите изгласани од советниците пред само два месеци! Кој во Општина Битола ќе понесе одговорност за подметнатиот документ? Деновиве, за да добие дозвола да вработува во општината, Коњановски испратил во Министерството за информатичко општество програма за вработување која Советот не ја одобри! Плус тоа, за да ја скрие манипулацијата, објавил Службен гласник со погрешен датум!

Кој во Општина Битола ќе понесе одговорност за лажниот документ испратен до министерството? Во јуни, службеник во Општина Битола доби кривична пријава за мито. Наместо да врши контрола на превозниците, земал пари од такси превозник. Коњановски наместо да го санкционира и да преземе мерки, тој го врати на работа! Затоа, почитувани битолчани, тврдиме дека градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски се извор на манипулации, подметнувања и беззаконие во општината! Наместо со проекти за развој на Битола, Коњановски се фали со кривичните пријави што ги добива! Колкумина од општинската администрација планира да повлече со себе во падот од градоначалничката функција?

Старите велат: Дајте му на човек власт, да видите каков е! Изминатите две години како градоначалник го претворија Тони Коњановски од добриот доктор во најлошиот градоначалник што некогаш ја водел Битола“ рече Павловска.