ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ И СТЕПАНОВСКИ САДЕА ДРВЈА ВО НОВИОТ ПАРК

Градоначалникот на Битола во присуство на директорот на ЈКП „Комуналец“ и вработените денеска ја продолжија акцијата на засадување дрвја низ градот. Ова зазеленување е дел од проектот  „ЕУ за чист воздух“, во чии рамки се реализираа активности во четири градови во државата.

Службите и работниците на ЈКП „ Комуналец“ заедно со градоначалникот денеска во просторот на новиот парк, кај „Довлеџик“ засадуваа нови дрвја. Зимзелени, кои во ова предпразнично време ќе ја дополнат сликата за новогодишните и верските празнувања.

Градоначалникот за медиумите спомена дека проектот е финансиран од ЕУ, имплементиран заедно со УНОПС, а во соработка со министерството за животна средина.  ЈКП „Комуналец“ ги посочи локациите, но и барањата на граѓаните беа водилка за активностите, рече градоначалникот.

Проектот досега предвидува засадување на садници на повееќе локации, засадени се преку 1000 информираше денеска Коњановски, во Нова Битола, влезот на Битола од страната на Прилеп, во кругот на  КИЦ Офицерски, секаде кадешто се јавила потреба од зголемување на бројот на засадени дрвја. Упати порака, да ги чуваме, тие се иднина на нашаите генерации.

Инаку, проектот   со превод ЕУ за чист воздух е европски проект во вредност од 10 милиони денари, што официјално започна да се реалзира во државата во текот на ланското лето. Серија на активности поделени во неколку фази кои имаа за цел да придонесат за намалување на емисиите на загадувачи и честички во Скопје, Битола, Куманово и Тетово, како градови најпогодени од загадувањето на воздухот и животната средина.  Проект, кој според најавата ги подобри системите за греење во 70 јавни згради во овие градови, во дел од нив беа испорачани и инсталирани станици за мониторинг на квалитетот на воздухот, а во сите градови во рамки на овој проект низ државата беа засадени 6.000 садници дрвја.