Попладнево градоначалникот на Битола, Тони Коњановски објави фотографии од асфалтирањето на улицата „Крушевска република“. Пред две недели беше објавено дека со поставувањето на рефлекторите кај фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“, ФФМ, создаде услови за продолжување на активностите на општината за реализација на проектот „Изградба на комплетна инфраструктура на улицата Крушевска република“.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, тогаш направи увид и рече дека за финалната фаза од овој проект, општината инвестира 12.829.250 денари.















