На денешната реакција на министерството за транспорт и врски околу улиците во населбата „Недопирливи“, дека вината не е кај министерството, туку во тоа што Општината се уште не го известива министерството дека завршени се работите на терен, реагираше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој вели дека министерството за транспорт и врски два месеци доцни со избор на изведувач.
„Општина Битола на 11.05.2023 година испрати динамичен план за работа и го информира Министерството за транспорт и врски дека е отпочнато со комплетна реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во населбата Недопирливи.
Министерството за транспорт и врски два месеци немаше отпочнато постапка за избор на изведувач на коловоз односно постапката ја започна во средината на месец Јули.
Вистинското прашањето е зошто два месеци министерството чекаше да отпочни постапка за избор на изведувач кој до денес сеуште не е избран.
Исто така сакам да ја информирам јавноста дека во месец септември како Градоначалник остварив состанок со Министерот Бочварски со цел да не се политизира целата ситуација и жителите на населба Недопирливи пред почетокот на зимата да имаат асфалтирани улици.
После точно два месеци од одржаниот состанок сеуште ништо не е придвижено.
Конкретно сеуште не е потпишан договор од страна на министерството со изведувачот на фазата коловоз. Граѓаните не ги интересираат преписки и дебати, туку дела на терен“ вели Коњановски.












