ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: РЕФЕРЕНДУМОТ Е ЕДИНСТВЕНА МОЖНОСТ ДА СЕ СЛУШНЕ ГЛАСОТ НА НАРОДОТ

Задолжителниот референдум е единствената можност да се слушне гласот на македонскиот народ, вели во своето обраќање градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на својот фејзбук профил.

„Македонската историја, македонскиот јазик, идентитет и култура се неразделив дел од животот на генерации Македонци.

Напредокот и европските перспективи на нашата држава, треба да се реализираат со континуирана надградба на вредностите, промоција, меѓусебно почитување и добрососедска соработка, а никако со договори кои можат да доведат до идентитетско обезличување.

Задолжителниот референдум е единствената можност да се слушне гласот на македонскиот народ, кој ќе се спротистави на ставањето на Македонија во подредена позиција.

Референдум!

За да ја зачуваме историјата и врз нејзините темели да ја градиме иднината на новите генерации“ пишува во неговата објава Коњановски.