ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: СЕКОЈ ИЗВЕДУВАЧ МОРА ДА ГАРАНТИРА КВАЛИТЕТНО ЗАВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ

Во врска со кружниот тек кај некогашната ветеринарна станица во Битола, на својот Фејзбук профил се огласи градоначалникот на Битола.

„Во интерес на јавноста и за информирање на советникот Чулакоски од ПОИНАКУ во врска со пишувањата за кружниот тек кај поранешната ветеринарна станица ситуацијата е следна. Од страна на општинската администрација и надзорот се константирани забелешки при изведбата на завршниот слој не само на оваа локација и на уште една и истите ќе бидат отстранети на сметка на изведувачите. Општина Битола додека јас сум градоначалник како и во минатото и во иднина сите недостатоци кои ќе бидат константирани ќе ги сносат самите изведувачи.За разлика од некои кои не знаат поинаку освен да критикуваат и да зборуваат празни зборови, без желба да превземат било каква одговорност, Општина Битола и јас како градоначалник дејствуваме отчетно, транспарентно и посветено во интерес на граѓаните“ објасни Коњановски за објавата на советникот од Поинаку, околу новиот кружен тек.