Преку ретроспективно видео градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вели дека комплетно се менува ликот кај поранешното ЈАТ.
Во видеото кое го сподели на својот Фејзбук профил, го прикажува периодот септември 2022-ноември 2023 година.
Во неколку наврати од говорницата во Советот на Општина Битола му беше забележано и него и на ВМРО ДПМНЕ, дека немало ништо од она што го ветиле кога ги уриваа гаражите и го расчистуваа просторот.












