ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: СОВЕТОТ ПОЧНУВА ДА И НАШТЕТУВА НА БИТОЛА

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на денешната прес конференција зборуваше за состојбите во Советот на Општина Битола и за проектите кои се реализираат. Рече дека Советот продолжува со своето делување да наштетува на Битола.

„Имајќи ги предвид случувањата во Општина Битола, во последните два месеци, сметам дека јавноста потребно е да биде информирана за моменталните состојби, објективно и вистинито:

Од моето доаѓање, како градоначалник на општина Битола, мојот главен приоритет е работа и посветеност во работењето, во интерес на Битола како град во кој живееме и во интерес на сите нас – битолчани. Во ниту еден момент не помислив дека мојата работа треба да се сведува на собирање политички поени или манипулирање на граѓаните, како што тоа се прави од одредени структури во Советот на општина Битола.

Потврда за работата на оваа локална самоуправа, се повеќе локации на кои се спроведуваат градежни активности и тоа:

  • Вчера започнавме со асфалтирање на 7 улици во село Оптичари во должина од 1090 метри и вкупна вредност од 5.238.208 денари, а од руралните места работиме на реконструкција на 10 краци во с.Егри и 2 во Лажец во должина од 1700 метри и вкупна вредност од 7.492.801 денари. Работиме на Пешачката патека кон Долно Оризари во должина од 1100 метри, односно реконструкција на тротоар кон постоечки коловоз на дел од улица „Ѓурчин Наумов – Пљакот” и улична мрежа на локален пат до село Долно Оризари, во вредност од 3.380.000. Паралелно извршено е санирање со гребен асфалт во 18 села.
  • Во централното градско подрачје работиме на партерно уредување кај Офицерски дом на површина од 2100 метри квадратни во вредност од 23.002.486. Во непосредна близина работимe на Спортската сала „Боро Чурлевски” за нејзино усогласување со стандардите за европски натпревари, а го реконструираме и паркинг просторот за што издвоени се 18.305.355 денари. Се уредува и паркинг просторот на улицата Цане Василев на површина од 1130,71 метри квадратни во вредност од 4.022.360 денари.
  • Работиме на комплетна реконструкција на водоводна, канализациона мрежа и коловоз на улица Драгорска во должина од 400 метри и вредност од 16.140.254 денари, а комплетна реконструкција имаме и на улица Зборска во должина од 200 метри и инвестиција од 6.569.281 денари.
  • Во населба Недопирливи се реконструира комплетна инфраструктура на 10 краци во должина од 2080 метри и вредност од 28.725.287 денари
  • Продолжуваат работите во Довлеџик, следниве денови очекувам да финализираат работите на прифатилиштето каде во оваа фаза инвестираме 4.132.399 денари, а започнавме и со изградба на кружен тек на улица „Прилепска” со улица „Баталјон Стив Наумов”, проект во вредност од 11.800.000 денари.
  • Во АРМ во тек е изградба на коловоз на улицата СРУ 5 во должина од 180 метри и вкупна вредност од 6.133.710,03 денари.
  • Деновиве ќе започнеме и со реконструкција на улицата Солунска, а ќе следува и тендерска постапка за реконструкција на улица Индустриска во должина од 2400 метри.

Инфраструктурата е само еден дел на кој работиме, додека работиме и во другите области во наша надлежност. Покрај ваквата насоченост, да реализираме колку што е можно повеќе проекти и да ги подобриме условите во општината, Советот на општина Битола, иако сака да се прикаже како наш соработник, продолжува со своето делување да наштетува на Битола, на отпочнатите и планирани проекти, создавајќи пракса која во иднина ќе генерира нови проблеми.

Потврда за тоа се сите одржани седници почнувајќи од 26 тата.

На 26 тата седница, веќе знаете дека имавме незаконско прекинување на седницата и законско продолжување со извештај од инспекциски надзор во кој се потврдува дека Претседателката на Советот згрешила и нејзиното постапување го закочи донесувањето на неколку одлуки, важни за градот“ рече меѓу другото градоначалникот Коњановски.