Тони Коњановски, градоначалникот на општина Битола викендов на „Саем на промените што носат иднина“ кој го организираше ВМРО ДПМНЕ во Скопје, нагласи дека за 365 дена се сработи многу. Тој нагласи дека кога се кандидирал за градоначалник на граѓаните на општина Битола им ветил транспарентност, отчетност и континуитет во работењето.

„Во делот на инфраструктурата би почнал со можеби најкапиталниот дел , проект кој што го нарековме „23 улици” од кои 19 се веќе завршени, со должина над 10 километри. Тоа се работи за реконструкција, обнова, нови улици, зависи во која фаза и според планската документација секој од овие проекти е засебно значаен. Да кажам дека Битола е градилиште оваа цела година”, заклучи Коњановски.
Градоначалникот на општина Битола посочи дека се започна и со еден процес на одглавување на делот на легализација. Една просторија во локалната самоуправа беше затрупана со пакети, таму имаше илјадници нерешени предмети на граѓаните, а за нив живот значат. Во првите денови стотина веднаш се решија, односно се одговори на барањата на граѓаните. Досега околу 1.700 предмети на легализации се завршени.
„Сакам да кажам дека веќе се спремни за идната година 65 проекти кои што се во завршна фаза, дали со проектна документација или со дозвола за градење, одобрение за градба. Значи идната година ќе биде уште пожестока тоа им го ветувам на граѓаните”, вети тој.
Тој рече дека од средствата за подобрување на животна средина преку 26 милиони се реализирани од развојната програма уште седум милиони. Инвестицијата за „23 улици” чини преку 265 милиони денари.

„Во делот на капиталните инвестиции годинава ќе ја завршиме со над 75% реализација и над 85% реализиран извршен буџет. Оваа ситуација никогаш досега не била во Битола. Од многуте проекти се и колекторот до село Брутник, колектор и пречистителна станица за националниот парк Пелистер.












