Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски е на Булеварот „1 мај“, каде има голем дефект на водоводната мрежа, откако пукањето на азбестна цевка направи хаварија на коловозот.

„После појавата на дефектот на цевка на ул.Булевар 1 ви Мај, веднаш излегов на терен во координација со екипите на ЈКП Водовод и сообраќајната полиција. Оштетувањата на коловозот се предизвикани од пукање на азбестна цевка Ф 300, што предизвика вистинска хаварија на улицата и заради потребата од итна интервенција, на повеќе улици прекинато е водоснабдувањето, а сообраќајот е пренасочен“ информира Коњановски.

Тој вели дека согледувајќи ги проблемите кои постојат на улицата „Булевар 1 ви Мај“, минатата година изготвиле комплетна документација за реконструкција на улицата и промена на водоводната цевка, така што уште оваа градежна сезона ќе започне реализацијата на овој проект.

„Во меѓувреме, побарав од екипите на ЈКП Водовод со својата стручност и професионалност, максимално да се ангажираат за санирање на состојбата и воспоставување на нормално водоснабдување, што е можно поскоро“ вели Коњановски.












