Денес, православните христијани го одбележуваат големиот христијански празник, Богојавление – Водици, денот кога Свети Јован Крстител, го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Крштевањето, значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.
По повод денешниот празник, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на манифестацијата на положување на Светиот крст во осветените води на Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, од каде испрати честитки до сите православни верници.
„Драги мои сограѓани, денес ја продолжуваме традицијата со силна верба во светлиот напредок на вистинските вредности, поттикнати од нашето меѓусебно почитување, соживот и заложба за напредок. Денешниот празничен ден, нека Ве исполни со многу здравје, љубов и среќа во Вашите семејства. Нека е за многу години Богојавление Водици. Бог се јави!“, порача градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Годинава најсреќен беше 15 годишниот Иван Миовски од Битола кој го изваде Светиот Крст од осветените води во Храмот Свети Великомаченик Димитриј.
Во духот на верата и традицијата, градоначалникот Коњановски ќе го награди Миовски со парична награда и икона од Заштитникот на градот “Свети Нектариј Битолски”.
Фото: Општина Битола