Кравари доби турски спонзор, клубот најави високи амбиции

0
8176

На повидок е нов сериозен проект во фудбалот во Општина Битола. Третолигашот Кравари добива сериозен спонзор и наскоро ќе ги најави амбициии во Третата лига – Запад. Турскиот бизнисмен Мехир Пелистер ќе бид главен спонзор на клубот во следниот период и отворено најави цел за враќање Втората лига.

„Мојот дедо е од Битола и многу работи ме врзуваат за овој убав град. Најдов заеднички јазик со моите бизнис партнери во Битола и моите пријатели во Кравари и одлучив да започнеме една убава приказна. Наскоро ќе објавиме повеќе детали околу проектот, но убеден сум дека јас нема да бидам единствен кој од Турција ќе инвестираа во Битола“, рече Мехир Пелистер.

Турскиот бизнисмен му подари спортска опрема, комплет дресови и на Пелистер, кој испадна од Првата лига во сезоната 2017/18.