Кравари и Поешево ќе се борат за Куп-титула на ОФС Битола

0
961

Утре љубителите на фудбалот кои ги следат фудбалските случувања во Битола ќе можат да проследат интерсен фудбалски натпревар во организација на Општинскиот фудбалски сојуз од Битола.

На стадионот во село Кравари ќе се одигра Куп натпревар помеѓу екипите на Кравари која се натпреварува во Третата лига и екипата на Поешево која е првак во општинската А лига.

Главен судија ќе биде Дарко Котевски, а ќе му помагаат Пеце Кичевски и Горан Танчевски. Делегат на натпреварот е биде Зоранчо Илиевски.