Кралицата на хрватската песна Данијела Мартиновиќ доага во Битола

Oд Авалон Продукција не информираа дека после навистина долга пауза, патиштата помеѓу Данијела Мартиновиќ и Авалон Продукција повторно се споија ова лето.
Со цел на што поразлична и поширока публика да и пружат музички задоволства оваа сезона, се одлучија да ја донесат навистина квалитетната, интересна и секогаш возбудлива Данијела Мартиновиќ во античките театри во Охрид и во Битола на 06-ти и 07-ми август.

Данијела Мартиновиќ нема потреба на долго и широко да се претставува, нејзините хитови навистина сите ги знаат. Се разбира дека овие концерти ќе имаат одредена специфика која лежи во фактот што Данијела ќе го промовира својот последен проект со наслов „Neopisivo“ во коj добро познатиот материјал го презентира на еден поразличен начин.

Влезниците веќе се во продажба по следниве категории и цени:  Хераклеа-Битола: 600 денари Антички театар- Охрид:  ТРИБИНИ седење: 800 денари.
ВИП седење: 1200 денари (пред бина, само 100 влезници во продажба) ни рекоа  од Авалон продукција.

Сподели