Кралот на Свазиленд ќе го менува името на државата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кралот на Свазиленда Мсвати Трети изјави дека државата ќе го смени името и ќе се вика „еСватини“ што е неочекувана изјава по повод 50 годишницата од независноста на оваа мала африканска држава.

– Сакам да најавам дека Свазиленд ќе го врати своето оригинално име. После независноста, сите африкански земји ги вратија некогашните имиња, оние од пред колонијализацијата, рече кралот на прославата.

Според него, Свазиленд е единствената земја која го зачува називот од ерата на колонијализмот и земјата од сега официјално ќе се вика Кралство еСватини.

ЕСватини значи „земја на народот Свази“ на свати јазикот. Свазиленд е комбинација од свати и англиски јазик.

Меѓународната заедница го критикува постојано поради луксузниот живот, додека народот живее во сиромаштија, како и поради кршење на човековите права.

Свазиленд, кој се наоѓа меѓу Јужна Африка и Мозамбик, стекна независност од британскиот протекторат во 1968 година.

 

Share.