Кратење или елиминирање на обврската за објава на оглас за вработување?

0
434

На последната владина седницата беше разгледана Информација за можноста за изменување на Законот за работни односи во насока на кратење или елиминирање на обврската за објава на оглас за вработување, според препораките на извештајот „Doing Business 2018“ на Светска банка, со што економијата на земјава би добила поголема функционалност. Но, Министерството за труд и социјална политика на владината седница го претстави негативното мислење за оваа мерка, бидејќи со евентуално кратење на роковите за пријавување на кандидати за работно место, ќе се доведе во прашање уставно утврденото право на секој човек, под еднакви услови да му е достапно секое работно место. Дополнително, во Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година, предвидено е изготвување на нов Закон за работните односи, на кое ќе претходи анализа и ревизија на постоечките одредби во Законот. Притоа, во утврдувањето на содржината на новиот закон ќе бидат вклучени сите засегнати страни, односно организации на работодавачи, синдикати, професори, судии, адвокати, како и релевантни институции, со коишто ќе се спроведат широки консултации, а ќе се направи анализа и на оправданоста на препораката на Doing Bisiness, со цел крајниот резултат да биде закон со современи решенија и напредни трудови стандарди.