Кривична оти не направиле увид како се реализирала донацијата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.М.(42) од Скопје, С.Б.(35) од село Брвеница, Тетово, К.Ј.Г.(32) од Битола, Б.Ш.(36) од Скопје и В.А.(42) од Прилеп за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Г.Р.(38) за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од јули 2016 година до септември 2017 годинапријавените А.М., С.Б., К.Ј.Г. и Б.Ш., како членови на комисијата за пошти во рамките на Агенцијата за пошти, и В.А., како директор на Агенцијата за пошти, не извршиле должен надзор на реализацијата на донираните финансиски средства на Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп, за што биле обврзани, согласно одлуката за доделување на донација, како и договорот за донација склучен помеѓу Агенцијата за пошти и Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп, со што овозможиле ненаменско трошење на донираните пари,  предизвикувајќи штета на Буџетот на РМ во висина од 659.000 денари. Г.Р., како  директор на Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп, не изготвил извештај до комисијата за пошти, за фазите и конечната евалуација од финансираниот проект, во рокот кој бил наведен во договорот за донација склучен помеѓу Агенцијата за пошти и Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп, соопшти МВР.

Share.